Еден уапсен, агитирање, притисоци, делење пари….

Од 7 до 12 часот полицијата регистрирала десетина помали инциденти. Припадници на Министерството за внатрешни работи, по добиените пријави, превзеле мерки и активности за решавање на случаите.

За случувањата до пладне информираше Јордан Ламановски, помошник министер за односи со јавност.

Во Брест, утринава, неколку лица делеле пари на граѓани. По ова, истите луѓе се забележани во Бутел.

Полицијата работи на утврдување на идентитетот на лицата и за расчистување на случајот.

Во Шуто Оризари, диви таксисти со 14 патнички моторни возила превезувале гласачи до избирачки места и притоа вршеле агитација.

Во училиштето „Браќа Рамиз“ во Шуто Оризари, во ходникот кој води кон гласачките места група од 5-6 лица на гласачите им сугерирале кој број да го заокружат на гласачкото ливче.

Во населбата забележани се две возила без регистерски таблици, но со обележја на вратите од Дирекција на заштита и спасување, кои во повеќе наврати превезувале гласачи од нивните домови до гласачките места.

Полицијата добила пријава за агитирање и притисок врз гласачи околу пазарот во Ѓорче Петров.

Агитирањето во повеќе наврати го вршеле лица со автомобил Сеат Леон со скопски таблички.

izbori

Полицијата утринава го привела триесет и седумгодишниот З.Д. поради фотографирање на гласачко ливче. Настанот се случи на избирачко место во училиштето „Кочо Рацин“ во Ѓорче Петров. Заради случајот гласањето таму било во прекин десетина минути, меѓу 8,25 и 8,35 часот.

Случај на фотографирање на гласачко ливче евидентиран е и во Валандово. З.П. го сликал ливчето и си заминал.

Полицијата по добиената пријава направила записник и во моментов работи на целосно расчистување на настанот.

Во МВР, во Одделот за внатрешна контрола стасале пријави од гостиварско Здуње и Долно Седларци, тетовско, за учество на полицаец во изборниот процес, во својство на контролор делегиран од политичка партија и за вршрење притисок врз гласачи