Во центарот на Загреб, во улица „Прашка“, околу 9.30 часот дошло до експлозија и пожар, а причината сеуште не е позната па полицијата ги утврдува околностите, известија од загребската полиција.
Според непотврдени информации, нејверојатно несреќата се случила во еден од становите.
Нема повредени лица, причинета е само материјална штета.
Постојат претпоставки дека во станот експлодирала плинска боца.
Во тек е истрага за утврдување на причините за експлозијата и за утврдување на висината на настанатата штета.







