Експлозивна направа била активирана пред зградата на затворот во северниот дел на Косовска Митровица.
Од експлозијата никој не е повреден. Причинета е само материјална штета.
Настанот се случил нешто по еден часот после полноќ.
Полицијата направи увид и отвори истрага за случајов.
Според првите резултати пред затворот била активирана рачна бомба.
Мотивите за инцидентот не се познати.