Од „Епл“ соопштуваат дека ќе повлечат 88.000 „ајфон 6С“, но се негира дека причина за тоа е ризикот од експлозија и самозапалување.
Компанијата почна програма за повлекување уште во ноември 2016 година, кога е откриен проблем со батериите.
За повлекувањето на големиот број телефони соопштение издаде Министерството за економија на Соединетите Арапски Емирати, затоа што добило официјален допис од „Епл“.
Утврдено е дека на ризик од неочекувано исклучување се подложни моделите „ајфон 6С“, кои се произведени во Кина во текот на септември и октомври 2015 година.
Овие телефони, исто така, можат да се отклучат само од себе, брзо го губат напонот, а во некои случаи воопшто не е можно повторно да се вклучат.