Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ја предупреди Европската унија дека ќе го потпише законот за враќање на смртната казна во неговата земја ако го одобри турскиот парламент.
„Демократија, тоа е почитување на волјата на народот“, рекол Ердоган на говор одржан во Истанбул, пренесува АФП.
Агенцијата наведува дека официјални лица на ЕУ повеќе пати јасно истакнувале дека со враќањето на смртната казна ќе бидат завршени обидите на Турција таа да стане членка на Унијата, која како услов за членство го поставува укинувањето на смртната казна.