Жичарницата на Водно од утре ќе работи до 17 часот

Од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информираат дека од утре, петок (1 ноември 2019 година), Жичарницата ќе има зимско работно време, односно ќе работи од 10 до 17 часот.

Последното возење од доле нагоре ќе биде во 16-16.30 часот, а последно возење од горе надолу ќе биде во 16.45 часот.

Овој режим на работа ќе важи до 1 март.

Потсетуваат,  дека неработни денови на Жичарницата се понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен сервис на објектот.

Од утре, петок (1 ноември 2019 година) изменет ќе биде и возниот ред на линијата 25 (Транспортен центар-Средно Водно), кој може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk.

Ги потсетуваат корисниците на јавниот превоз дека возењето на линија 25, (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) е бесплатно за сите категории патници за време на викенди и државни празници.