Забраната за движење ја прекршиле 15 лица, 533 санкции за неносење маска

Забраната за движење од 22 часот на 18 март 2021 до 05 часот утрово не ја почитувале 15 лица, информираа денеска од МВР.

Во текот на изминатото деноноќие пак на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 533 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.