„По наша грешка овде во Карпош победи бандитот Јакимовски. Не, не не предаде нас, туку својата душа и семејството. Ги продаде за пари, за пусти пари.Предавник за пари, ете тоа е тој, Стевчо Јакимовски. Нема, ве уверувам, да ни се повтори истата грешка, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на митингот на СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“ во Карпош.
Заев напомена дека во името на вистината СДСМ и коалицијата ќе победат и ќе го срушат режимот, дека веќе им се гледал крајот.
„Го повикувам бандитот Никола Груевски на дуел. Ако се плаши сам да дојде нека го донесе со себе и вториот бандит, Стевчо јакимовски“.
Во обраќањето Заев посебно се осврна на неопределените.
Тој ги повика жителите на Карпош да излезат масовно на гласање и да гласаат за победа на Македонија.
„Карпош победува за Скопје, а Скопје за Македонија. Ќе го срушиме режимов. Ќе донесеме живот во Македонија“.