Заев: „Цветот на Сребреница“ на Пчиња кај Долно Коњаре е најдолгиот мост во земјата што поврзува два регионални патни правци

Претседателот на Владата Зоран Заев го честиташе Меѓународниот ден на Бошњаците на сите припадници на оваа заедница во нашата земја.

„Бошњаците се составен и нераскинлив дел од богатството во нашата мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална држава и нивниот придонес во изградбата и негувањето на нашето „Eдно општество за сите” е исклучително значаен“, нагласи во својата изјава премиерот Заев.

Новиот мост во Долно Коњаре е изграден целосно со средства на Јавното претпријатие за државни патишта. Инвестицијата е вредна нешто повеќе од 60 милиони денари и со неговата должина од 133 метри е најдолгиот мост што поврзува регионални патишта во нашата земја.

Со широчина од 7,96 метри, со две коловозни ленти и со два тротоари, мостот ги исполнува сите стандарди за одвивање на сообраќајот и за движење на пешаците.

Во последната завршна фаза поставена е „еластична ограда”, банкина, по должината на мостот, а поставени се и светлечки сигнални обележувачи на оградата на мостот кое ќе биде довршено со канделабри со што целосно ќе биде завршен овој значаен инфраструктурен објект.