Претседателот на Владата Зоран Заев го честиташе Меѓународниот ден на Бошњаците на сите припадници на оваа заедница во нашата земја.
„Бошњаците се составен и нераскинлив дел од богатството во нашата мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална држава и нивниот придонес во изградбата и негувањето на нашето „Eдно општество за сите” е исклучително значаен“, нагласи во својата изјава премиерот Заев.
Новиот мост во Долно Коњаре е изграден целосно со средства на Јавното претпријатие за државни патишта. Инвестицијата е вредна нешто повеќе од 60 милиони денари и со неговата должина од 133 метри е најдолгиот мост што поврзува регионални патишта во нашата земја.
Со широчина од 7,96 метри, со две коловозни ленти и со два тротоари, мостот ги исполнува сите стандарди за одвивање на сообраќајот и за движење на пешаците.
Во последната завршна фаза поставена е „еластична ограда”, банкина, по должината на мостот, а поставени се и светлечки сигнални обележувачи на оградата на мостот кое ќе биде довршено со канделабри со што целосно ќе биде завршен овој значаен инфраструктурен објект.