За две години 150 добитници на Милионер Џек Пот на Видеолотарија на Македонија

LinkSense.mk

Бројот на Милионер Џек Пот добитници на Државна Видеолотарија на Македонија, расте со несмален интензитет и во месец октомври. Вкупниот износ на шесте добивки во првата половина од месецот е 8.593.651 денари.

Минатиов викенд добиен е и седмиот добитник за овој месец, кого го очекуваат да пристигне во просториите на ДВЛМ за да го подигне чекот вреден 1.331.568 денари.

Највисоката Милионер Џек Пот добивка за октомври изнесува 1.782.400 денари, а е освоена во „Спортлаиф Трејд“ на 9 октомври.

Државна Видеолотарија на Македонија со Џек Пот добивките стартуваше на први јуни во 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа.

Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 150 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 222.457.521 денари. Покрај нив, освоени се и 23.483 Мини Џек Пот добивки во вкупен износ од 150.244.212 денари.

Мини Џек Пот добивките се во вредност од 4 илјади до 5 илјади денари, додека најпосакуваната Милионер Џек Пот добивка е вредна од 1.200.000 до 1.800.000 денари.