Земјотрес од 5,6 степени на Нов Зеланд

LinkSense.mk

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтер го погоди денеска Нов Зеланд. Епицентарот на земјотресот е во близина на градот Бленхајм, на јужниот остров, на длабочина од 30 километри, соопшти сеизмолошката служба.

Засега нема извештаи за повредени или за причинета материјална штета.

Нов Зеланд лежи на сеизмички активниот „Огнен прстен“, што е „пристаниште“ од околу 40.000 километри на вулкани и океански ровови кои го опкружуваат поголемиот дел од Тихиот Океан.