Изгласана доверба на новата италијанска влада

Италијанскиот Сенат вчеравечер и изгласа доверба на новата влада на премиерот Паоло Џентилони, што му отвори пат на неговиот кабинет да ја води земјата до изборите во февруари 2018 година.

Сто шеесет и девет пратеници гласаа за доверба на владата, а 99 беа против.

Долниот дом на италијанскиот парламент изгласа доверба, и покрај критиките на опозицијата дека неговиот кабинет и агендата се истоветни како кај претходникот Матео Ренци.

Сенатот му изгласа доверба, Паоло Џентилати, новиот премиер на Италија
Сенатот му изгласа доверба, Паоло Џентилати – новиот премиер на Италија

Џентилони денес ќе учествува на самитот на Европската унија, на првиот голем меѓународен собир во својство на премиер.

Новиот премиер наведе дека неговите приоритети се поттикнување на економскиот раст на југот на Италија, обнова на централниот дел на земјата после разорниот земјотрес и изработка на нов изборен закон.

Неприфаќањето на предлогот за уставни промени беше пресуден за негово понатамошно функционирање, поранешниот премиер Матео Ренци
Неприфаќањето на предлогот за уставни промени беше пресуден за негово понатамошно функционирање, поранешниот премиер Матео Ренци

Поранешниот премиер на Италија, Матео Ренци, поднесе оставка на 7 декември откако Италијанците на референдумот убедливо ги отфрлија уставните реформи кои ги предложи неговата влада.

Новиот и стариот премиер, Паоло Џентилоти и Матео Ренци
Новиот и стариот премиер, Паоло Џентилоти и Матео Ренци