Изминатата недела со пајак отстранети вкупно 200 возила од јавните површини

Изминатата недела со специјалните возила „пајак“ се отстранети вкупно 200 возила од јавните површини.

-Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 25 возила се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 175 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице, информираат од Град Скопје.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 357 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 25 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

-Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркингуслугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, соопштуваат од Град Скопје.