Изречена 381 санкција за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие  на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 381 прекршок.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.