Новозеландските студенти протестираа поради климатските промени

Илјадници студенти во Нов Зеланд денеска излегоа на улиците и побараа итна акција за климатските промени, јави ДПА.

Одржан првпат од 2019 година, настанот на национално ниво беше дел од движењето на ученици наречено Училишен штрајк 4 Клима (SS4C).

Иако Владата на Нов Зеланд прогласи вонредна состојба за климата, тоа „не е доволно“, рече портпаролката на SS4C Окланд, Кристина Зиберхаген.

Дејствуваме многу малку и премногу бавно. Дејствата на нашата влада едноставно не се совпаѓаат со нивните зборови за„ климатска вонредна состојба, појасни таа.

И покрај пандемијата на коронавирус, во моментов се дозволени демонстрации во Нов Зеланд без ограничувања како што се носење маски или одржување физичка дистанца.