Алма Дојчер е единаесетгодишно девојче, композиторка, пијанистка и виолинистка, кое напишало соната пред пет години и очекува светска премиера на својата прва опера следниот месец.
Агенцијата АП потсетува дека Алма, која многумина ја споредуваат со Моцарт, ја напишала својата прва симфонија кога имала осум години.
Талентот на Алма веројатно може да стане препрека на среќното детство, но нејзината насмевка после пробата тоа го демантира.
„Мислам дека за мене е поинтересно да бидам Алма, а не Моцарт“, рекла таа.
Кога нема проба или настап, тоа чудо од дете од Доркинг во Англија се дружи со своите врсници на игралиштата, се качува на дрво, плива и ужива во се како сите други деца.
Алма неодамна на проба на „Пепелашка“ давала инструкции и пеела фрази со јасен детски сопран, сменувајќи клавир и виолина. Се се чинело лесно, но девојчето во црвениот фустан очигледно било во главна ролја и ја „водело претставата“.
Светската премиера на операта „Пепелашка“ ќе се одржи на 29 декември во раскошната виенска палата Баумгартен.
„Едвај чекам се да дојде на свое место. Сонувам како ќе биде на крајот на бината“, навела малата композиторка.
Нејзиниот татко Гај се пошегувал дека Алма почнала да пее пред да почне да зборува. Тој, исто така, зборувал за предизвиците кои ги носи животот со такво исклучително талентирано дете.
„Се будите наутро и вашата ќерка ви доаѓа и ви вели дека ја има најневеројатната мелодија и ве моли да ја слушнете. Тоа е неверојатно чувство, рекол тој.
Алма во 2012 година компонирала кратка опера со која учествувала на натпреварот на Англиската национална опера која барала млади таленти. Малку и недостасувало да стигне до финалето.
Моцарт компонирал уште од петгодишна возраст, свирејќи му на неговиот татко Леополд, кој ги запишувал композициите.
Напишал повече од 600 дела пред да умре во 1791 година, кога имал 35 години.