Индонезија: Сексот пред брак ќе се казнува со затвор

LinkSense.mk

Индонезискиот парламент овој месец треба да донесе нов кривичен закон со кој сексот надвор од бракот ќе се биде казнува со затворска казна до една година.

Бамбанг Вурјанто, политичар, вклучен во подготвувањето на законот, рече дека тој би можел да биде усвоен веќе следната недела.

Законот, доколку биде усвоен, ќе важи и за индонезиските државјани и за странците.

Казната ќе стапи на сила само доколку постојат странки кои се жалат до надлежните органи.

За оние кои се во брак, тоа може да биде маж или жена на сторителот. Родителите на невенчаните лица, исто така, можат да ги пријават своите деца за предбрачен секс. Ќе биде забранет и заеднички живот пред брак, а осудените може да се соочат со шестмесечна затворска казна.

„За бизнис секторот, имплементацијата на овој закон ќе создаде правна несигурност и ќе ги натера инвеститорите да ја преиспитаат својата инвестиција во Индонезија“, рече Шинта Виџаја Сукамдани, потпретседател на Индонезиската асоцијација на работодавачи (APINDO), кого го загрижува тоа дека строгите правила може да му наштетат на имиџот на Индонезија како дестинација за одмор.

Претходниот предлог-закон требаше да биде усвоен уште во 2009 година, но предизвика протести низ целата земја со десетици илјади демонстранти.

Многумина, меѓу кои и студенти, излегоа на улица, а најголемите конфронтации се случија во главниот град Џакарта. Демонстрантите фрлаа камења кон полицијата, што доведе до употреба на солзавец и водени топови.

Покрај споменатиот закон, провинцијата Ачех спроведува строги исламски закони и ги казнува луѓето за коцкање, пиење алкохол и средби со припадници од спротивниот пол.

Во случај од 2021 година, соседите пријавиле двајца мажи за секс. Секој од нив заработил по 77 удари со камшик, на јавно место. Истиот ден, маж и жена добиле по 20 удари со камшик затоа што биле во близина, а двајца мажи дури по 40 удари поради пијанство.

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: АФП)