Исламист планирал убиство на Тереза Меј

LinkSense.mk

Екстремист од Бирмингем, лојален на Исламска држава, прогласен е денеска за виновен пред лондонскиот суд за виновен заради ковање заговор за убиство на премиерката на Велика Британија, Тереза Меј.

Дваесетгодишниот Наимур Закарија Рахман, роден во Бирмингем, планирал со бомба да ја разнесе капијата на резиденцијата на претседателката на владата во Даунинг стрит број 10, да ги убие стражарите и со нож или пиштол да ја нападне Меј.

Рахман е уапсен во ноември минатата година откако земал ранец за кој верувал дека е полн со експлозив и дека го добива од приврзаник на Исламска држава, а во суштина разговарал со полицаец на тајна задача.

Обвинителите наведоа дека било предвидени Рахман да се разнесе при нападот.

Деновиве се очекува судот да ја одреди должината на траењето на затворската казна.