Ислами истрча нов македонски рекорд на 400 метри со пречки

LinkSense.mk

Македонската атлетичарка Дрита Ислами по втор пат во последните три недели го собори државниот рекорд во дисциплината 400 метри со пречки.

Ислами на првиот ден од Европското екипно првенство што викендов се одржува во Лимасол ја истрча патеката во време од нов македонски рекорд од 57.53 секунди.

Тоа е подобрување од повеќе од една секунда на претходниот национален рекорд (58.66), поставен од неа на 29 мај годинава.