И Параолимписките игри во Токио без публика

Заради влошување на епидемиолошката ситуација, јапонската влада ја продолжи вонредната состојба во Токио, така што и Параолимписките игри ќе бидат одржани без публика.

Како што наведуваат јапонските медиуми, владата сака да ја продолжи вонредната состојба до 12 септември, а со самото тоа и до крајот на Параолимписките игри, кои траат од 24 август до 5 септември.

Организаторите на игрите денеска на состанокот со Меѓународниот параолимписки одбор, со токиските власти и со јапонската влада одлучија натпреварите да се одржуваат без присуство на публика, исто како и неодамна завршените Олимписки игри.

Борилиштата ќе бидат отворени само за ученици во рамки на владината образовна програма.

На Параолимписките игри за медали ќе се натпреваруваат околу 4.400 спортисти од околу 160 земји.