Казнети 208 граѓани за неносење маска

„Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 208 прекршоци“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од Министерството апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.