Какви костими за капење се носат ова лето?

Во потрага сте за идеален костим за капење кои ќе ги истакне вашите атрибути, а ќе ги скрие недостатоците?

Одберете модел во склад со вашата градба, од материјал кој брзо се суши и ќе бидете задоволни.

Оваа сезона во тренд се необични дезени, карнери, линии, ленти и реси, како и асиметричен дизајн. Изборот на костими за капење и бикини моделите е голем, а ако сакате, можете да купите горен дел во една, а гаќичките во друга боја.

Без оглед дали носите едноделен или дводелен костим за капење, важно е корпите да се добро обликувани.

А, при изборот на бојата, имајте на ум дека оваа сезона во мода се силните жолти, зелени и розеви нијанси, но и нешто поумерени розеви и сини тонови. Ако сакате класична елеганција, црно-белите и сино-белите модели се полн погодок.