Како да го исчистите црниот дроб

Црниот дроб е „најактивен“ орган во човечкиот организам. Одговорен е за варењето и снабдувањето на крвта со нутриенти, за разградување на масти и неутрализирање на сите штетни материи…

Тие бројни оптеретувачки улоги повремено бараат и негово чистење.

Народната медицина нуди едноставни рецепти под услов црниот дроб да е здрав. Чистењето не е добро единствено ако во црниот дроб и во жолчното ќесе има каменчиња, ако лицето има дијабетис, настинка, грип и други заразни болести, ако чувствува општа слабост или му се влошува некоја од хроничните болести.

Исто ова се однесува и на лицата кои се под стрес, трудниците и мајките кои дојат бебиња.

Исцедете сок од 10 килограми измиена и неизлупена црна ротквица. Треба да добиете 3 литри сок.

Исцедениот сок чувајте го во ладилник. Остатокот од влакна после цедењето помешајте го со шеќер, во сооднос еден килограм остаток од ротквицата со 500 грама шеќер, и во тоа додајте 300 грама мед. Добиената мешавина ставете ја на топло место.

Во почетокот на чистењето на црниот дроб земајте по една лажичка од сокот, еден час после јадење.
Количината постепено зголемувајте ја до еден децилитар.

Кога целиот сок ќе го испиете почнете со додавање од приготвената мешавина во јадењето, од две до три лажички по секое јадење.

Упатените тврдат дека овој народен лек, освен што го прочистува црниот дроб, ги зајакнува срцето и белите дробови. За време на терапијата избегнувајте мрсна и лута храна.

Во тегла од 3 литри ставете на парчиња исечкани три измиени и неизлупени цвекла. На тоа додајте три лажички пченично брашно и 500 грама шеќер. Теглата оставете ја на собна температура и на темно место два дена.После тоа во таа смеса додајте 700 грама суво грозје, четири кафени шолји шеќер и половина шолја вода. Со секојдневно мешање оставете сето тоа да отстои седум дена, а после тоа содржината процедете ја.

Од мешавината би требало да добиете околу еден литар сок. Земајте по една лажичка од сокот три пати на ден, 30 минути пред секое јадење. Кога ќе ја испиете сета количина направете тримесечна пауза, а после тоа целата постапка повторете ја, со паузи уште два пати.