Канје Вест го посети новиот претседател на САД

Американскиот рапер Канје Вест го посети денес во Њујорк Доналд Трамп, кој музичарот го нарече „добар човек“, велејќи дека разговарале за „животот“.

Вест неодамна ја прекина американската турнеја, на неопределено време затоа што помина една недела во болница во Лос Аџелес поради стрес и исцрпеност.

Тој молчел и стоел до Трамп во лобито во „Кулата на Трамп“, а на прашањето зошто не зборува, рекол дека „сега сака само да се фотографира“.

Вест претходно на концерт во Сан Хозе, во Калифорнија, рече дека не гласал на американските претседателски избори и додал дека во случај да гласал, својот глас ќе го дадел за победникот, републиканецот Доналд Трамп.

Раперот, исто така, го пофали „методот на комуникација“ на новоизбраниот американски претседател, оценувајќи дека тој е „многу футуристичен“.

Зборуваше и за намерите да се кандидира за претседател на САД во 2020 година, велејќи дека ќе стане „поинаков претседател“.

Агенцијата АП потсетува дека Трамп беше прикажан во музичкиот спот за песната на Вест „Познат“, објавена минатата година.