КАРАЧАЈ – НАЈЗАГАДЕНО МЕСТО НА ПЛАНЕТАВА Еден час проведен тука може да ве чини живот

Езерото Карачај на планината Урал, во Русија, е едно од најзагадените, а можеби и најзагадено место во светов.

Радијацијата измерена во 1990 година во околината на езерото е сто пати поголема од количината на радијацијата на која работник во САД смее да биде изложен за период од една година.

Потребно е помалку од еден час здрал човек да почине од зрачење од толкава количина на радијација.

Тука не станува збор за природен феномен, туку радијацијата и загадувањето се резултат на вливање на отпадните води од најголемата нуклеарна електрана во Русија.

karachay-2

Електраната до 1990 година од низа причини била скриена од јавноста.

Само мал број на луѓе знаеле за нејзиното постоење, па во тој контекст не се водело многу сметка за екологијата и тамошното езеро.

Карачајското езеро денес не изгледа како вистинско езеро. Тоа е полно со концентрати со кои радијацијата се држи подалеку од копното.

karachay-1

Нуклеарката е изградена во голема тајност меѓу 1945 и 1948 година и, според некои информации, наводно, му служела на Сталин за производство на атомска бомба.

Езерото било корисно поради ладната вода за реакторите.

Речиси немало никакви вложувања за заштитата на работниците и околината, а водата загадена со радијација местово го направи најзагадено на светот, барем според вашингтонскиот Институт за надзор за одлагање на нуклеарниот отпад.

Атомска бомба - производот поради кои илјадници луѓе, вработени во нуклеарната централа крај езерото Карачај, од прекумерна радијација го загубиле животот
Атомската бомба – производот поради кој илјадници луѓе, вработени во нуклеарната централа крај езерото Карачај, од прекумерна радијација го загубиле животот