Карпош ја победи Олимпија во Љубљана

Кошаркарите на Карпош Соколи ја победија вчера во Љубљана Олимпија со 97:92 (23:24, 28:18, 23:29, 23:21) во последниот натпревар од 20 коло на Јадранската лига

 

Екипата на Карпош од Скопје до победата го предводеше Драган Зековиќ со 15 поени и осум скокови, додека Драган Лабовиќ даде 14, а Зоран вркиќ и Кендрик Пери дадоа по 13.

Во екипата на Олимпија се истакна Девин Оливер со 30 поени, осум скокови и пет асистенции, додека Брендон Џеферсон даде 17 коша.

Олимпија после третиот пораз во последните пет натпревари е на шестото место со девет победи и 11 порази, додека Карпош е девети со осум триумфи од 20 натпревари.