Ѕвездата на „Вовед во анатомија“ се придружува на актерската екипа на „Костуми“ (Suits), откако Меган Маркл, поради своите кралски обврски, мораше да го напушти проектот.
Кетрин Хејгл ќе го глуми новиот партнер на познатата екипа во претстојната осма сезона, што ќе почне да се снима во април, во Торонто.
„Ја гледав серијата од самиот почеток и за мене е посебна привилегија да бидам член на семејството Пирсон Спектер Лит – изјавила актерката.
Ликот кој таа ќе го екранизира ќе се вика Саманта Вилер. Освен Маркл, серијата ја напушти и Патрик Џеј Адамс.






