Кина лансираше сателит за детекција на јаглерод-диоксид

Кинеските власти лансираа сателит кој ќе ја бележи концентрацијата на јаглерод-диоксид, јави агенцијата Синхуа и додаде дека сателитот ќе проверува дали државите го почитуваат договорот за намалување на емисијата на гасови.

Кина која има најголема најголема концентрација на јаглерод-диоксид во светот, сега е трета земја која поседува ваков вид на сателит, после САД и Јапонија.

„Сателитот ќе може да детектира извори на гасови и да утврди дали земјите ги почитуваат своите ветувања“, наведе Синхуа.

Според спогодбата на Обединетите нации за климатските промени, земјите треба да ја намалат емисијата на штетни гасови кои прават ефект на стаклена градина, што е еден од причинителите на глобалното затоплување, а ревизија на емисиите на тие гасови ќе се спроведува на секои пет години, почнувајќи од 2025 година.

Целта на спогодбата претставува и одржување на глобалното затоплување на под два степени, односно до 1,5 степени
Целзиусови, како што побараа земјите кои најповеќе се погодени со климатските промени.

Кина и САД се најголеми загадувачи.