Веќе не е тајна дека патувањата со автобуси и книгите се сакаат, а ноември е месецот кога се враќаме на читањето книги и на есенските патувања. Како најдобро да се искористат неколкуте часови возење во удобни седишта, отколку со читање на вашите омилени наслови и веднаш да се најдете во сосема друга земја или време.
Патувајќи низ Европа со книга во рака, сите граници се бришат, бидејќи книгата не познава граници, а ниту времето во кое живееме. Непроценливо е да земете книга и од тоа кога сте на пат, на пример, кон Венеција, одеднаш да се најдете во идилична викендичка во Ирска и да уживате во ирската природа и храна, или можеби во мала слаткарница во Париз и да уживате во новите слатки и авантури на Нина, да „одлутате“ во 1853 година во Австрија во придружба на принцезата Елизабета Сиси од Баварија преку романот „Царицата“, или едноставно да почнете да го цените одморот низ советите од книгата „Умешноста на одморот“.
Ако ја користите мрежата на автобуски линии на „Фликсбус“ (FlixBus), кои ве поврзуваат со речиси цела Европа, си ја отворате себе си можноста да запознаете љубители на читањето и патувањето. Читајќи книги, можете да најдете инспирација за вашето следно патување со автобус, а исто така книгата може да ви биде и одличен сопатник или тема за разговор со другите патници. Со купување на билет станувате дел од заедницата на љубители на патувања и читатели на книги.
За време на патувањето разменете ја приказната која штотуку сте ја прочитале, споделете интересна анегдота или разменувајте книги меѓу себе во автобусот. Изборот е ваш. За почеток, на пример, изберете дестинација преку бесплатната апликација на „Фликсбус“, понесете ја со себе својата омилена книга и тргнете на патување.
Водени од идејата за силната врска помеѓу читањето и патувањето, традиционално веќе неколку години „Фликсбус“ продолжува со иницијативата „Фликс/Читај“, во која ја подигнува свеста за придобивките од читањето книги и правилното користење на слободното време.
Информации за тоа како да освоите до 8 бесплатни патувања и 8 избрани книги можете да најдете на Фејсбук страницата на „Фликсбус“.
Нешто повеќе од 2.500 дестинации во 39 земји низ светот со преку 400.000 дневни врски, можете да изберете од мрежата на автобуски линии на компаниите. Изберете ја вашата дестинација и купете билети преку мобилна апликација или веб-страница без да стоите во редот на билетарницата, направете го тоа од удобноста на вашиот дом, самостојно управувајте со вашата резервација и кога патувате искористете ги удобните седишта со повеќе простор за нозете, бесплатниот интернет и штекер до седиштата за да го „наполните“ мобилниот телефон, таблетот или вашиот лаптоп.