Ковачевски: Не за избрзано решение со Бугарија

LinkSense.mk

Потребно е брзо, но не и избрзано решение со Бугарија. Тајни разговори нема, во моментов се разговара, но се уште нема заемно прифатливо решение, рече вчера премиерот Димитар Ковачевски.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, пак, вечра од Софија порача дека Бугарија треба да помогне за реализација на ветувањето за старт на преговорите со Скопје и Тирана.

Албанскиот премиер Еди Рама во исто време побара одвојување на Албанија од Северна Македонија на патот кон членство во ЕУ.

Премиерот Ковачевски истакна дека од секогаш се залагал да има брзо решение со Бугарија, но, како што нагласува, не избрзано. 

„Јас никогаш не се врзував со датуми. Секогаш кажував дека нам ни треба брзо, но не избрзано решение. Министерствата за надворешни работи на двете земји работат на политичките прашања. Тие политички прашања ги разговараат на средби според стандардите на меѓународните односи.

Во моментов се работи на размена на идеи по однос на отворените политички прашања, а штом ќе има документ или решение што е прифатливо за двете страни, тогаш тоа ќе биде соопштено како на институциите во Бугарија согласно нивните законски постапки, така и кај нас согласно нашето уредување и нашите закони. Во овој момент такво заемно прифатливо решение не постои, истакна премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

 

 

МИА