Ковачевски: Со Петков се договоривме – Бугарија нема веќе да ја кочи употребата на краткото име Северна Македонија

LinkSense.mk

– Северна Македонија и Бугарија се две блиски соседни држави, а Македонсците и Бугарите се два блиски и пријателски народи. Затоа денес како двајца премиери на многу блиски држави се согласивме дека влегуваме во интензивна динамика на решавање на отворените прашања со цел побрзо обезбедување на нова иднина, истакна премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со бугарскиот премиер Петков.

 

„Денеска со премирот Петков се договоривме дека Бугарија прифаќа да го користи краткото име Северна Македонија, подеднакво како и долгото име Република Северна Македонија. Тоа значи дека Бугарија нема веќе да ја кочи употребата на краткото име. во ниту еден меѓународен и билатерален процес и за тоа ги извести Обединетите Нации. Истовремено Северна Македонија преку министерството за надворешни работи, исто така испрати вербална нота до ОН, во врска со употребата на нашето долго и кратко име, во која изрично се потврдува дека и двете имиња се еднакво валидни и се потврдува отсуството на било каква импликација врз територијалниот интегритет на Бугарија“, истакна Ковачевски.

Тој нагласи дека отстранувањето на ова прашање од масата на разговори преку ваков усгласен и пријателски однос од двете страни за него претставува прв важен чекор во ова наше ново поглавје.

„Ваквите чекори влеваат оптимизам за иднината. Ваквите чекори водат кон посилно поврзување и соработка помеѓу двете држави и двата народи“, истакна премиерот Ковачевски“, потенцира Ковачевски.

Заедничката прес-конференција на премиерот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков, се одржа во рамки на неговата официјална посета во Скопје.

Ј. Ѓ.