Компанија во Грција воведува четиридневна работна седмица за август

LinkSense.mk

Вработените во „Grant Thornton” во Грција, во месец август ќе имаат четиридневна работна седмица, за како што велат од меѓународната компанија, да „поминат повеќе слободно време со нивните драги личности”, јави дописничката на МИА од Атина.

Со ова, „Grant Thornton” е првата компанија во Грција што воведува четиридневна работна седмица, со што вработените ќе имаат дополнителни четири слободни денови.

Извршниот директор компанијата Василис Казас вели дека со оваа одлука во пракса покажуваат дека вработените остануваат најважниот дел од организацијата.

-Со желба да им се заблагодариме на нашите вработени за нивната поддршка и посветеност, во еден многу напорен и тежок период за сите, соопштуваме усвојување на четиридневната работа за август, иницијатива која ќе придонесе за подобар баланс на професионалниот и приватниот живот во текот на летото, вели Казас.