Конкурс за стипендии за студиски престој во земјите членки на CEEPUS-Програмата

Централноевропска програма за размена во областа на  универзитетските студии – CEEPUS (Central European  Exchange Program for University Studies) објави Конкурс за стипендии за студиски престој во земјите членки на CEEPUS Програмата.

Република Северна Македонија како потписник на Договорот за промовирање на соработката во областа на високото образование во рамките на CEEPUS им овозможува на високообразовните институции да партиципираат како партнери во вкупно 88 мрежи од различни области.

Во рамки на овие мрежи, студентите од прв, втор и трет циклус и професорите имаат можност да аплицираат за стипендии за студиски престој надвор од земјава.

Во CEEPUS мрежите вклучени се универзитети од земјите потписници на Договорот – Албанија, Австрија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска,  Чешка,  Унгарија, Црна Гора, Полска, Молдавија, Романија, Србија, Словачка, Словенија  и  Косово.

Крајниот рок за аплицирање за зимскиот семестар во академската 2021/2022 година е 15 јуни 2021,  а за летниот семестар во академската 2021/2022 година е 31 октомври 2021. Аплицирањето е единствено онлајн на www.ceepus.info

– Целта на Програмата е да промовира мобилност на студенти и наставен кадар и соработка и развивање заеднички програми што води до заеднички дипломи (Joint degree), информира Министерството за образование и наука кое го објави конкурсот.

Ги наведува факултетите од високообразовните институции од земјава кои се вклучени во Конкурсот на CEEPUS за академската 2021/2022 и контактите во Националната CEEPUS-канцеларија во МОН за подетални информации.