Крвави демонстрации: Во Судан убиени 14 лица, десетици повредени

LinkSense.mk

Силите за безбедност убија денеска најмалку 14 луѓе и ранија уште десетици при сузбивањето на протестот заради воениот удар во Судан, јави продемократскиот синдикат на лекарите.

Демонстрантите, кои протестираат во главниот град Картум и во Бахри и Омдурман, бараат потполно предавање на надлежностите на цивилните власти и судење на водачите на воениот удар од 25 октомври.

Силите за безбедност стрелале со боева муниција и солзавец во сите три градови откако претходно биле прекинати комуникацијата преку мобилни телефони и итернетот.

Ова е најкрвав ден од протестите против воениот удар што беше извршен на 25 октомври, а војската дееска ги прекиа сите комуникации во Судан.

Премиерот Адала Хамдок е моментно во куќен притвор во Картум, а тој и уште стотиа други владини службеници беа приведени во пучот.

Гибреил Ибрахим, министерот за финансии од соборената влада кој им се приклучи на суданските воени власти, порача дека истекува времето што му било дадено на сменетиот премиер да се согласи да ја превземе функцијата во владата која ја води војската, откако највисоките генерали ја превзедоа власта минатиот месец.

„Земјата не може вечно да чека, па ако тој не ја прифати работата, тогаш некој друг ќе биде премиер“, изјави Ибрахим за новинската агенција АП.

Обраќајќи се од својата канцеларија во Картум, Ибрахим рече дека повиците од некои продемократски групи, од САД и нивните западни сојузници, да ја вратат преодната влада пред воениот удар се „нереални“. Преговорите се фокусирани на убедувањето на Хамдок да го води техничкиот кабинет кој би ги превземал секојдневните работи, нагласи Ибрахим.

Продемократските демонстранти излегоа во саботата на улиците на Картум за да протестираат против военото превземање на власта, кога беше сменета транзициската влада и беа уапсени десетици официјални лица и политичари.

Марш на милиони луѓе“, како што беше наречено продемократското движење, се случи два дена откако лидерот на воениот удар, генералот Абдел Фатах Бурхан, се постави себе си за шеф на Суверениот совет на суданската преодна влада.

Суданската војска ја распушти цивилната влада, ги уапси политичките лидери и прогласи вонредна состојба во оваа северноафриканска земја.

Помошничката на американскиот државен секретар за Африка, Мери Кетрин Фи, потврди дека вчера при нејзината посета на Судан, во Картум, се сретнала со уапсениот премиер Абдал Хамдок и со него разговарала за начините да се обнови демократската транзиција на земјата.

Фи во текот на тридневната посета на Судан се сретнала и со воениот водач Абдел Фатах ал-Бурхан, кој според суданската државна новинска агенција СУНА, порачал дека се превземени чекори за ослободување на политичките затвореници уапсени при превземањето на власта, но дека тоа нема да се применува на оние кои се соочуваат со кривични пријави за финансиски и друг вид малверзации.

 

 

 

(Фото: ЕПА)