Титулата во женски парови на Отвореното првенство на Америка, трета годинава, ја освоија чешките тенисерки Барбора Крејчикова и Катерина Синијакова, кои во финалето беа подобри од Американките Кети Мекнели и Тејлор Таунсенд, во три сета – 3:6, 7:5, 6:1.
Ова е шести заеднички Гренд слем трофеј за тенисерките од Чешка. Два освоија во 2018 година кога го комплетираа таканаречениот „каналскиот гренд слем“ (Ролан Гарос и Вимблдон), третиот минатата година во Париз, кога Крејчикова ја освои „двојната круна“ бидејќи го крена шампионскиот трофеј и во сингл, а годинава освоија три.
Им се оттргна од раце токму оној на којшто требаше да ја бранат титулата, но беа спречени бидејќи Крејчикова пред мечот од првото коло беше позитивна на ковид.
Така, пандемијата можеби ги спречи да станат само вториот тим во историјата, после Мартина Навратилова и Пем Шрајвер, кои во 1984 година го освоија календарскиот Грен слем во женски двојки.
Освен легендарните Американки, само Швајцарката Мартина Хингис успеа во ова, но со две партнерки, Мирјана Лучиќ и Јана Новотна.