Кривичен суд ги прифати обвиненијата за „Тарифа” и „Траекторија”

LinkSense.mk

Скопскиот Кривичен суд ги прифати обвиненијата за случаите „Тарифа” и „Траекторија” на Специјалното јавно обвинителство. Судските рочиштата за овие два случаи, дополнително ќе бидат закажани.

Во случајот „Тарифа“ опфатени се седум лица поради постоење основано сомнение дека е извршена злоупотреба на службената положба во постапка по јавна набавка на софтвер – ЕРП Систем за потребите на АД ЕЛЕМ.
Осомничените со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација. Вредноста на склучениот Договор за јавна набавка е 4.092.420 евра, а причинетата штета изнесува 456.560 евра.
Во „Траекторија“, пак, обвинети се четири службени лица поранешни високи владини функционери, осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.
Со тоа, според СЈО, нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.