Кук: Науката која не им помага на луѓето е безвредна

Директорот на компанијата Епл, Тим Кук, денеска на средбата со дипломците на престижниот Технолошки институт во Масачусетс рече дека науката е безвредна ако оние кои се занимаваат со неа не се мотивирани со основните човечки вредности и желбата да им помогнат на луѓето.

Кук, кој како директор на Епл од 2011 година го надледува развојот на паметниот телефон „Ајфон седум“, ги повика дипломците своите спсобности да ги насочат на правење добра и наведе дека неговата компанија секогаш трага за начините на поврзување на технологијата со хуманоста и чувствата.

„Кога ви се луѓето во средиштето на она што го правите, тоа може да има влијание“, истакна Кук.

Тој вели дека Епл сака да прави производи кои ќе им помагаат на луѓето и како пример ја наведе технологијата „ајфон“ која може да му помогне на слеп атлетичар да истрча маратон и технологијата „ајпед“ која го поврзува аутистичното дете со светот кој го опкружува.

Не го загрижува развојот на вештачката интелигенција која овозможува компјутерите да мислат како луѓе, туку го загрижуваат луѓето што мислат како компјутери, без вредности, чувства или грижи за последиците.

„Потребни сте ни да не штитите од тоа, затоа што ако науката е трагање во темнина, тогаш општествените науки се свеќа која ни укажува каде бевме и каква опасност е пред нас“, изјави директорот на Епл и ги повика дипломците на МИТ не стануваат цинични.

„Интернетот овозможи толку многу и засили многу луѓе, но може да биде и место каде што се суспендирани основните правила на пристојност и каде што е изразен негативизмот. Не дозволувајте таа врева да ве запре. Не дозволувајте да ве обземат неважните аспекти на животот. Не ги слушајте тие што навредуваат и исмејуваат и не станувајте еден од нив. Не вреднувајте го влијанието во општеството според бројот на добиени лајкови на социјалните мрежи, туку според животите кои ги досегате и луѓето на кои им служите“, додаде Кук.