Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Лагата шест пати побрзо се шири од вистината
Автор

Лагата шест пати побрзо се шири од вистината

јули 18, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ширењето на гласини и дезинформации пред изборите во САД во 2016 година и пред референдумот за Брегзит во Велика Британија прозвучија како сигнал за аларм за традиционалните медиуми.

Традиционалните медиуми сега се во позиција да се борат за враќање на довербата на публиката и да застанат во првата линија на фронтот против „лажните вести“, пишува Франс 24.

Големите медиуми, многу често во партнерство со технолошките гиганти и социјалните мрежи, се впуштија во проверка на информациите и ја истакнуваат желбата за новинарство базирано на факти.

Но, нивните напори се комплицираат од политичката употреба на изразот „лажни вести“, особено од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, кој често со тој термин ги нарекува медиумите што не се благонаклони кон него.

Неточните информации се толку стари, колку и самото новинарство, но брзината на ширењето на сомнителни информации преку интернет и социјалните мрежи во суштина ја промени улогата што традиционалните медиуми ја имаа како заштитен ѕид против лагата. Неодамнешниот пример во Индија е пример за тоа.

Во јуни годинава во индиската сојузна држава Гуџарат стотици лица учествуваа во напад и линчување убедени дека станува збор за припадници на мрежа на криумчари на деца. Тоа насилство беше поттикнато од гласини проширени преку ВатсАп.

Професорот по новинарство на Универзитетот во Илиноис, Џон Хаксфорд, смета дека социјалните мрежи „ги направија работите уште полоши“.

„Тие овозможуваат лесно заобиколување на заштитата што ја претставува традиционалното новинарство и прават можност секој да објави што ќе посака, без оглед дали тоа да е пристрасно, неточно или измислено“, вели Хаксфорд.

Тој предупредува дека улогата на новинарите во утврдувањето на тоа што е информација, а што не, отсекогаш била противречна. Но, денес, истакнува, можеме јасно да ги видиме негативните последици од непостоењето на таа функција.

Големите играчи на интернет, кој првично не сакаа да се нарекуваат медиуми, од неодамна увидоа како стојат работите. Тие се обидуваат што повеќе да ги сортираат информациите добиени повикувајќи се на „доверливи извори“.

„Сакале или не, компаниите како „Епл“, „Гугл“, „Снепчет“, „Твитер“ и пред се „Фејсбук“, преземаа поголем дел од функциите на медиумите, претворајќи се во клучни играчи во медиумскиот систем“, се наведува во извештајот на Центарот „Тау“ посветен на дигиталното новинарство објавен во март оваа година.

Неколку истражувања покажаа дека лажните вести често се посезационални од точните информации и се шират многу побрзо преку интернет, бидејќи социјалните мрежи ја имаат привилегијата на „виртуелноста“.

„Неточната политичка информација се шири побрзо и на поголемо подрачје, достигнувајќи поголем аудиториум и, што е многу важно, е пополуларна од секоја друга категорија на информации“, се наведува во истражување на Технолошкиот институт од Масечусетс (МИТ).

Истражувајќи 126 илјади гласини споделени од три милиони корисници на социјалните мрежи, истражувачите утврдија дека за да стигне до 1.500 лица, на вистината и е потребно шест пати повеќе време отколку на неточната информација.

Научници од Институтот „Оксфорд“ посочуваат дека во големиот број интернет платформи информациите се „поставени во хиерархија на сложени алгоритми програмирани да филтрираат и да споделуваат содржини на начин што максимално ќе ги ангажира корисниците“, односно ќе ги поттикнува да коментираат и да споделуваат информации.

Популарноста на одредена содржина не е поврзана со нејзината точност, тврдат истражувачите од Оксфорд.

„Токму затоа улогата на традиционалните медиуми е од решавачко значење. Токму поради тоа е опасно и штетно тоа што Трамп неаргументирано ги оквалификува традиционалните медиуми како лажни вести“, смета Џон Хаксфорд.

Сепак има и позитивни показатели како зголемување на бројот на претплатници на електронските изданија на весници од типот на „Њујорк Тајмс“ и „Вашингтон Пост“. Но, многу ценети медиуми, кои се помали, имаат проблеми да се прилагодат на новиот модел.

Новинарите се соочуваат со нови ризици во услови кога се критикувани од политичарите, тогаш кога се обидуваат да ја отстранат невистината.

Во Бразил две организации специјализирани за проверка на фактите – „Лупа“ и „Аос Фатос“, кои воспоставија партнерство со „Фејсбук“, беа обвинети за политичка пристрасност.

Филипинската Влада му ја одзема лиценцата на сајтот „Рајплер“, кој ги поддржа напорите за проверка на веродостојноста на информациите што ги пласираше претседателот Родриго Дутерте.

Во САД медиумите опстојуваат благодарение на цврстите уставни гаранции, но некои новинари сметаат дека нападите на Трамп влијаат на начинот на кои публиката гледа во нив.

Во вакви услови цената на проверката на фактите расте. Постојат најмалку 149 такви иницијативи во 53 држави, оценува „Репортерската лабораторија“ на Универзитетот Дјук.

„Фејсбук“ воспостави партнерство со 25 медиуми во 14 држави за ограничување на ширењето на лажните вести.

Но, истражувањата покажуваат дека проверката на фактите е ограничена и дека има луѓе кои и натаму ќе веруваат во неточните информации, какви и напори да се прават за проверка на веродостојноста.

Кон крајот на 2016 година во САД многумина поверуваа на гласините дека постои мрежа од криумчари на деца, чии дел е и Хилари Клинтон, а дури 51 пороценти од гласачите на републиканците и натаму мислат дека Барак Обама е роден во Кенија, со што согласно Уставот, не би можел да биде американски претседател.

Истражување покажа дека две третини од возрасните Американци се жалат на хаосот што го предизвикуваат манипулативните информации, но 23 проценти од нив признаваат дека барем еднаш споделиле лажна информација, иако половината од нив биле свесни за тоа.

 

(Извор: МИА)

вести вистина Донад Трамп лага
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Полска почнува со училишна програма за медиумска писменост и препознавање лажни вести

септември 3, 2026

Метеоролошката служба на Велика Британија предупреди дека феноменот Ел Нињо веројатно ќе биде најсилниот во поновата историја

август 27, 2026

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година

мај 26, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.