Лето без пожари-превентивна активност на СВР Скопје

LinkSense.mk

Во рамки на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈП Национални шуми, во склоп на оперативниот план “Безбедно лето 2022“, вчера и денес (08/09.08.) ја реализираа превентивната кампања – “Лето без пожари“.

Основна цел на кампањата е заштита и зачувување на зелените шумски површини, земјоделско земјиште, ливади и пасишта од пожари, првенствено преку подигнување на свеста на граѓаните за ризиците од појава на пожари и штетите од нив.

Активностите се реализираа на подрачје на ПСОН Карпош – Нерези и ПСОН Аеродром – Долно Лисиче, на тој начин што полициски службеници им укажуваа на граѓаните за ризиците од пожар и штетите од евентуалната нивна појава.

Воедно, како надополна на едукативно-информативните активности во насока на совесно однесување и почитување на позитивната законска регулатива, граѓаните добиваа и соодветен материјал со едукативна содржина.