Лушпи од кромид природна храна за растенија

LinkSense.mk

Лушпите од кромид не се одлични само за бојадисување јајца.

Дали знаевте дека можете да ги користите за да направите одлична храна за цвеќиња?…

Лушпите од кромид содржат магнезиум, калциум, калиум, железо и бакар, се што ви е потребно за вашите растенија да напредуваат и да цветаат.

Во тегла ставете ја лушпата од 4-5 главици кромид. Потоа истурете литар топла вода.

Покријте и оставете 24 часа.

Потоа процедете ги и наводнете ги растенијата со добиената течност.