Македонските одбојкари ги дознаа термините за квалификации за ЕП 2021

Македонската одбојкарска репрезентација го доби точниот распоред во квалификациите за Европското првенство 2021.
Распоред за двата турнира во Ц-групата:

Прв турнир, домаќин Данска:

8 јануари:

Босна и Херцеговина – Турција (16 часот)

Данска – Македонија (19 часот)

9 јануари:

Турција – Македонија (16 часот)

Босна и Херцеговина – Данска (19 часот)

10 јануари:

Македонија – Босна и Херцеговина (16 часот)

Турција – Данска (19 часот).

Втор турнир, домаќин Македонија:

15 јануари:

Данска–Турција (17.30 часот)

Македонија – Босна и Херцеговина (20.30 часот)

16 јануари:

Турција – Босна и Херцеговина (17.30 часот)

Македонија – Данска (20.30 часот)

17 јануари:

Босна и Херцеговина – Данска (17.30 часот)

Македонија – Турција (20.30 часот).

На Европското првенство 2021 ќе учествуваат 24 репрезентации.

Покрај коорганизаторите Полска, Чешка, Естонија и Финска, директен пласман обезбедија и осум селекции според резултатите од претходниот шампионат во 2019: Србија, Словенија, Франција, Русија, Италија, Украина, Германија и Белгија, како и репрезентацијата на Летонија која го освои првото место во квалификациската група „Д“.