Паричка од само две евра може да вреди многу повеќе. Некои достигнуваат цена од дури 4.000 евра.
Како е тоа можно?
Па, во одредени ситуации, Европската унија пласира посебни монети во ограничени серии, кои стануваат исклучително вредни со текот на времето.
На пример, во чест на 25-годишнината од смртта на принцезата Грејс Кели, Монако искова 20.001 паричка од две евра со нејзиниот лик. Од нив, 20.000 излегле на пазарот за седум години, заклучно со 2014 година, а една му била подарена на нејзиниот син, принцот Алберт Втори.
Помалку монети никогаш не се произведени, што дополнително ја зголемува вредноста на оваа од Монако.
Во периодот од 2007 до 2014 година, кога се уште се произведувале, се продавале по просечна цена од 120 евра, а денес вредат 4.000 евра.
Од исклучителна вредност е и монетата од две евра од Литванија, произведена во 2021 година, но не поради ограничена серија, туку поради грешка. Од 500.000 колку што биле пуштени во оптек, 500 имаат маана на краевите, поради што во колекционерските кругови се продаваат за околу 3.000 евра.
Исто така, уште една серија од две евра од Монако достигнува значајна вредност. Произведена е во 2016 година во чест на 800 години постоење на тамошната тврдина и се продава за 1.500 евра затоа што се работи за ограничена серија.