Мареј губеше, па направи пресврт

Британскиот тенисер Енди Мареј ја забележа втората победа на завршниот АТП турнир во Лондон. Тој беше подобар од Кеи Никишори од Јапонија.

Мареј победи после голема борба и пресврт, со 2:1 во сетови (6:7, 6:4, 6:4), за три часа и 23 минути игра, што е најдолг меч во историјата на завршните турнири.

„Се борев до крај. Кеи ме тераше многу да трчам, да се борам за секое топче. Лесните поени на својот сервис многу ми помогнаа. За вакви моменти работите цел живот, ова беше нешто неверојатно“, рече Мареј после мечот.

Мареј сега има две победи, без пораз, а во последното коло во групата ќе се сретне со Станислас Вавринка.

Нишикори има скор 1/1 и сеуште е во игра за пласман во полуфиналето.

Кеи Нишикори и Енди Мареј одиграа најдолг меч во историјата на завршните турнири
Кеи Нишикори и Енди Мареј одиграа најдолг меч во историјата на завршните турнири