Меркел: Чувствувам должност да им служам на Германија и Европа

Германската канцеларка Ангела Меркел изјавила дека чувствува должност да и служи на својата земја и Европа и со тоа дополнително ги раздвижи шпекулациите дека повторно ќе се кандидира и на сојузните избори во 2017 година.

„Сакам да ја исполнам својата задача како германска канцеларка, која од една страна подразбира да му служам на народот на Германија, но вклучува и работа на кохезија и успех на Европа“, рекла Меркел запрашана кои се нејзините краткорочни, а кои долгорочни обврски, пренесува АП.

Меркел (62) закажа конференција за новинарите во недела, после состанокот со членовите на Христијанско-демократската унија на Германија.

Засега таа одбива да каже дали повторно ќе се кандидира или не.