Меѓународен уличен фестивал „Баскерфест“ во Македонија

На 16 јуни во Скопје почнува 12. Меѓународен уличен фестивал – „Баскерфест“

По предвидената десетдневна програма во Скопје, на плоштадот “Македонија“, фестивалот ќе продолжи низ повеќе градови во државава.

Се очекуваат настапи и спектакли на над 50 артисти од различни земји, многу музички точки и баскер работилници, како и катче за најмладите, соопштуваат организаторите на „Баскерфес Македонија“