„Милош“ – ново борбено возило на српската војска и полиција

LinkSense.mk

Повеќенаменското оклопно возило„Милош“ припаѓа во категоријата современи оклопни возила кои извршуваат широк дијапазон на мисии на единиците на полицијата и вооружените сили на Србија.

Возилото може да се користи за патролни и извидувачки мисии, како командно возило, за превоз и поддршка на единици за специјални операции, противгерилска и противтерористичка борба, противоклопна борба, за контрола на границите …

milos 5

Моторот, автоматскиот менувач и останатите компоненти за пренос на сила му овозможуваат на возилото максимална брзина на движење од преку 110 килетри на час.

Оклопното тело, кое е изработено од панцирни челични лимови, и во основната верзија овозможува многу висок ниво на балистичка заштита како и многу високо ниво на противтенковска заштита.

Возилото може да биде опремено со различни видови на вооружување и специјализирана опрема, далечински управувана борбена станица за дејство дење и ноќе со митралез со калибар од 12,7 милиметри.

PREZENTACIJA OKLOPNIH VOZILA

 

Може да биде опремено и со разни врсти на рачно управувани митралези и фрлачи на гранати, со систем за противоклопни ракети со домет до 8,5 километри, со ракетни системи, радарски системи за набљудување.

„Милош“ е опремен со пет пушкарници за дејство со лично вооружување во услови на противзаседни дејствија, со балистички заштитни набљудувачки прозорци, систем за климатизација, современа комуникациска опрема, командно-информациски систем како и со камери за ноќно набљудување и возење.

Тркалата со таканаречени „ран-флат“ влошки овозможуваат движење на возилата до 50 километри во случај на значајно оштетување на пневматиците, а имаат и можност за централно управување на притисокот во нив.

Возилото во стандардна верзија на борбено возило има екипаж од осум члена.