Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан преку заедничка изјава ја поздравија одлуката на Собранието за пристапување кон измена на Уставот.
,,Парламентот на поранешната југословенска Република Македонија направи многу важен чекор кон спроведувањето на Преспанскиот договор преку гласањето за започнување на процедурата за уставни измени.
„Сега очекуваме националните процедури за спроведување на договорот да продолжат без одложувања, кон усвојување на уставните измени” се наведува во заедничката изјава.







