Напнато во кралското семејство: Чарлс не сака да го види Хари

Триесет и шестгодишниот принц Хари повторно заради семејни обврски мора да ја посети Англија. Кон крајот на јуни тој би требало да дојде од Соединетите Американски Држави за да присуствува на откривањето на статуа на неговата мајка, принцезата Дајана, на 1 јули.

Да е жива Дајана на 1 јули би го славела 60-тиот роденден, а токму затоа Хари и Вилијам тој датум го одбраа за откривање на статуата во нејзина чест.

Настанот бил испланиран неколку години пред Хари да го напушти кралското семејство и да даде неколку интервјуа полни со обвинувања против членови на семејството.

Принцот Чарлс најверојатно нема да присуствува на настанот. Се погласни се шпекулациите дека не сака да се сретне со син му Хари. Последен пат се видоа на погребот на принцот Филип, кога и поразговарале. Но, сега Чарлс не планирал тоа да се повтори.

„Чарлс се чини дека е многу јасен кога вели дека нема да биде таму, затоа што ќе оди во Шкотска“, изјавил анонимен извор за британскиот портал.

Се предвидува дека браќата заедно ќе дојдат на откривањето на статуата, како начин за да покажат почит кон нивната мајка, но дека ќе одржат одвоени говори.

„Одамна во живо тие не разговарале, комуницираат само со по некоја смс порака“, изјавил друг извор напоменувајќи дека до помирување нема да дојде во скоро време, затоа што нивната врска „сеуште е многу затегната“.

Во британските медиуми веќе извесно време се шпекулира за тоа дали синот на Меган Маркл и принцот Хари, малиот Арчи, ќе има титула – принц.

Извор близок на кралското семејство тврди дека принцот Чарлс не сака неговиот внук да биде во редот на наследници.

„Ќе стори се Арчи никогаш да не ја добие титулата, ниту, пак, да биде дел од кралското семејство, а ќе ги скрати и сите трошоци ‘некои луѓе’ да не можат да го искористуваат својот статус“.

Меган и принцот Хари, наводно, се веќе запознати со оваа одлука, а потегот на Чарлс не го прифатиле со воодушевување. Односите со месеци им се влошени, а планот на идниот крал сега само дополнително ги влоши.

Имено, една од причините заради која Чарлс сака да го намали бројот на членови е финансиската криза со која се соочуваат, со оглед на тоа дека интересот на јавноста за кралското семејство со секој ден е се помал.

Експертите сметаат дека Арчи, сепак, по наполнетата 18 година, ќе може сам да одлучи дали ќе ја прифати титулата или не. Патем, додаваат и тоа дека неговиот дедо сеуште не може да одлучува за такви потфати. Наводно, Чарлс нема да ги отфрли своите внуци. Сепак, експертите не ја исклучуваат оваа можност.