Најдобрите новосадски ученици на билборди

На 20 билборди ширум Нови Сад поставени се фотографии на кои се прикажани околу 120 најдобри новосадски ученици.

Ова е втора година по ред како се реализира проектот „Учам + Знам = Вредам“ во организација на Здружението за промоција на општествената одговорност.

На билбордите се наоѓаат фотографии од два хора, две ученички екипи и ученици кои оствариле успех на поединечни државни и меѓународни натпреварувања од областа на науката и уметноста во текот на актуелната учебна 2016/2016 година.

detski-bilbordi-3

Оваа година на повик на организаторот се одзвале 14 новосадски училишта, седум основни и седум средни.

Како што се наведува во соопштението што по овој повод го издаде здружението, оваа година проектот „Учам + Знам = Вредам“, освен Нови Сад, билборди со најдобри ученици ќе добијат и општините Србобран и Сремски Карловци, додека во Темерин рекламните паноа со фотографии од најдобрите ученици ќе бидат поставени кон средината на декември.

detski-bilbordi-2

Здружението за промоција на општествената одговорност ја покренало оваа акција со поддршка на Покраинската влада и локалните самоуправи каде што се реализира проектот, со цел да се поттикне позитивната општествена вредност кај учениците и да се укаже на значењето на образованието и позитивните примери меѓу младите.